Во спортската сала “Младост“ во Битола, ќе се одигра првото градско ракометно дерби во ракомет помеѓу екипите на Еурофарм Работник и Пелистер. Со оглед на ривалството кое владее помеѓу овие два битолски ракометни клубови и по пласманот на табелата битолчани со право очекуваа добар и до крај неизведен натпревар.
Екипата на Еурофарм Работник е формален домаќин на оваа средба, а таму се надеваат дека со победа ќе му ја преземат првата позиција на табелата на Пелистер. Во минатото коло еден од подбрите ракометари на Еурофарм Работник на гостувањето во Прилеп беше нивниот голман Филип Ивановски, битолчанец на кој ова ќе му биде прво градско дерби.
-По пет години оваа сезона повторно се враќам во Битола, на голот на Еурофарм Работник и ова е, како што рековте, прво битолско дерби за мене. Од она што го гледам ланската сезона, односно натпреварите помеѓу двата битолски клуба очекувам неизвесен и тврд натпревар со многу пресврти и надигрувања. Седмицата која е зад нас максимално работевме и бевме фокусирани и ангажирано во правец на она што ќе се очекува во салата “Младост“ против Пелистер. Се надевам дека со една тимска игра ќе излеземе како победници од ова дерби. Исто така ова ќе биде и финален тест на она што не очекува следниот викнед, а тоа е првата средба од двомечот од Челинџ купот, вели со оптимизам Ивановски.
И од “гостинскаата“ екипа не влегуваат во оваа средба со бело знаме, туку ветуваат борба за победа.
-Со оглед на тоа како сме распоредени на табелата може да се каже дека сите очекуваме тежок натпревар, а ќе одлучува колку грешки, екипите ќе направат во одбрана и напад. Се надевам дека битолчани кои ќе бидат во “Младост“ ќе уживаат во одличен првенствен натпревар, вели капитенот на Пелистер, Васко Димитровски.
Ова дерби ќе го суди судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје, а делегат ќе биде Камер Металари од Скопје. Контролор на ова средба ќе биде Јован Василев од Битола.
Натреварот почнува во стандардниот термир за ракомет во Битола, сабота, 18,30 часот.
С.Р.