Мартин Маринов, велосипедистот на велосипедскиот клуб Пелистер 15 Мај од Битола е прв во генерален пласман во јуниорска конкуренција на 77. по ред велосипедска трка низ Албанија, која се возеше во четири епапи.
Маринов беше најдобар во сите четири етапи кои се возеа, а со тоа и прв во генерален пласман.
Инаку, велосипедскиот клуб од Битола настапи со шест возачи, а покрај Маринов настапија и Маријан Тасевски, Ангел Јончовски, Добромир Минчев, Благој Марковски и Давид Ристовски.
-Традиционално настапуваме на оваа трка низ Албанија, а овој пат според пропозициите настапивме со шест возачи, тројца сениори и тројца јуниори. Задоволен сум од резултатите, бидејќи заради короната немавме вистински тестови да видиме до каде сме , немавме трки, а од март до сега имаме извозено само една трка. Имавме силни противници од Италија, Албанија, возачи со силни трки и тренинзи, а за опрема и логостика да не коментирам, и да се добие покана и да се вози со нив е чест за нашиот клуб од Битола, која ни ја укажа организаторот на трката, Велосипедската федерација на Албанија, вели тренерот Африм Јусуфи и додава:
-Ова е едно големо искуство за сите возачи од овој регион бидејќи да се вози трка со четири етапи која има традиција од 77 години не е мала работа. Јуниорите имаат потреба од вакви трки, а она што го видоа и извозија за четири дена, околу 500 километри, ќе треда да го применат на трките кај нас во државното првенство. Сениорите сега имаа вистинска слика да видат до каде се во однос на конкуренција и да продолжат со тренинзи да ги отстранат недостатоци кои на вакви трки се воочуваат подобро.
[ngg src=”galleries” ids=”597″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






