Press "Enter" to skip to content

СЕХА-сезоната почнува на 10 октомври, Еурофарм Пелистер во “Б“ групата

Еурофарм Пелистер од Битола во новата СЕХА сезона која започнува на 10 октомври ќе биде во “Б“ лигата, според многумина посилната група. 

Заедно со Еурофарм Пелистер од Битола во “Б“ групата се и Веспрем, Загреб, Мешков Брест и Металопластика.

Ова е истиот состав на групата од ланската СЕХА лига, а во Битола љубителите на ракометот, ако до тогаш има протоколи за навивачи, ќе ги гледаат истите екипи, освен екипата на Спартак од Москва, Русија, која се откажа од лигата.

Нема извршено жрепка за тоа кои со кој во првото коло и понатаму, но да се надеваме дека промоција на Еурофарм Пелистер за оваа сезона ќе имаме во Битола. 

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, не се во Битола, се наоѓаат на мини подготовки во Маврово.

More from СпортMore posts in Спорт »