Press "Enter" to skip to content

Миле Димов и Димче Ристевски, битолчани со најмногу одиграни дерби Пелистер-Вардар (фото)

Утре, недела од 15 часот под Тумбекафе во Биточа ќе се одигра 52. по ред вечно дерби на македонскиот фудбал, Пелистер и Вардар, за жал за прв пат без публика поради пандемијата предизвикана од вирусот ковод-19. 

На сите 52 натпревари се појавиле 49 фудбалери го носеле дресот и на едниот и на другиот ривал во скоро три децении самостојна македонска лига, а меѓу нив се и два фудбалери од Битола, Димче Ристевски и Миле Димов кој имаат најголем број на одиграни дерби во Битола, под Тумбекафе и во Скопје на “Градски“. 

Двајцата Димче и Миле имаа по повече од 2о натпревари, за што велат дека се и повеќе и дека немаат своја евиденција, а при нашата средба во Градската кафеана на “Епинал“ во Битола, се присетуваа и ги пребројуваа натсапите на двајцата во двата дреса, зелено-белиот и црвено-црниот додека пиеја кафе во битолската шема, на пладне. Диме Ристевски како одличен креативен фудбалер за врска се наметна во академијата на Пелистер, брзо доби шанса во сениорскиот тим, па го привлече вниманието на Вардар. Одигра неколку впечатливо дерби натпревари, а запиша и три гола во натпреварите од вечното дерби.

-Имам многу пријатни спомени и во едниот и во другиот дрес и тоа се емоции кои остануваат врежани цел животЕмоциите се од – до. Има тага, радост, смеа, болка за пораз, по пропуштена шанса за гол… Пелистер е мој матичен клуб, играв во неколку наврати и во позитивен и во помалку позитивен период во клубот. Со Вардар освоив Куп на Македонија и запознав како е да се биде од другата страна на дербито, раскажува Ристевски и додава:

-Тешко е да се зборува пред Миле и пред вас за дерби натпреварите со Вардар и Пелистер. Заедно ги поминавме најголем дел од натпреварите во Битола и Скопје и затоа сме тука заедно да се потсетиме на некои кои оставиле трага на мене, на Миле како фубалери, но и на вас, Зоран и Сашо како новинари. За утрешното дерби би рекол дека на чело на Вардар има тренер, Васоски, и ми се допаѓа начинот на кој работи, мислам дека заврши голема работа во Вардар со многу проблеми и сметам дека денес е еден од најдобрите тренери во ПМФЛ. Затоа ќе биде тешко, прогнозите за неделното дерби се секогаш неблагодарни, но ќе навивам за матичниот Пелистер и за домашни три бода.

-Кога играат Пелистер и Вардар нема фаворити и залудни се сите прогнози. Ова е посебен натпревар и како таков мора да го негуваме. Мислам дека благ фаворит е Пелистер, заради ситуацијата која го снајде Вардар. Се надевам дека љубителите на фудбалот  и јас ќе уживаме пред малите екрани, бидејќи не можеме под Тумбекафе, вели Ристевски.Повозрасниот, Миле Димов беше долгогодишен капитен на Пелистер, учествуваше во најсветлите моменти на клубот, но помина еден период, како и Ристевски и во најлутиот ривал Вардар. И тој ја искористи поканата за разговор, за да се присети на некои со Димче, а за најдобри моменти на вечното дерби,  без размислување одговори:

-Моето најдраго дерби е победата со Пелистер во Скопје со 1:3 во 2006 година со три гола на Миранда, а од другата страна во Вардар беше Димче, морам да го “гибнам“. Тогаш убедливо го надигравме Вардар, среде Скопје, на “Градски“, што претставува голема чест и гордост, вели некогашниот капитен на Пелистер.

За утре, како и Ристевски нема фаворит и вели:

-Не треба мотивација од тренерите кога се игра дерби, мотивацијата доаѓа сама, уште кога ќе се спомене Вардар, кога зборуваме од страната на Пелистер. Не треба да се зборува каде се игра дали во Битола или Скопје, секаде ривалството е големо, па така ќе биде утре во Битола. Ќе биде малку чудно, бидејќи ќе се игра првпат пред празни трибини. Двете екипи се млади и им треба време. Можеби малку повеќе очекував од Пелистер во првите кола заради многубројните засилувања, но победа против Вардар ќе ги врати работите на свое, вели Димов.

More from СпортMore posts in Спорт »