
Во просториите на библиотеката во Битола во октомври 2010 години беше промоворана монографијата за лекарот д-р Димитар Котевски, во издание на МНД Битола, започна со сеќавањата Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Да, се зборува за доктор Котевски не е добра работа, бидејќи колку и да кажуваш нешто ќе заборавиш, толку беа големи неговите работни задачи кои ги имаше сработено во својата богата работна кариера, како лекар и како општетстен работник, за Битола, вели Миновски.
-Ќе спонам само неколку работи: доајен на офталмологијата во Македонија, првиот специјалист очен лекар во Битола и основачот на првото очно одделение во градот, директор на болницата ја изградил болничката зграда, една од најсовремените во Југославија, а за останатите во Битола и Либија каде работеше во друга прилика.
Монографијата „Д-р Димитар Котевски“ ја благослови Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски Г. Петар, а ја напишаа авторите Ѓорѓи Танковски и Добре Тодоровски.











