Press "Enter" to skip to content

Победа на поискусниот тим на Еврофарм Пелистер над вториот тим

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 27:26 (18:13)

Силен отпор на четата на Јовиќ за минимален триумф за поискусните колеги од Еурофарм Пелистер, во пријателскиот натпревар кој се одигра во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“, заради немањето на противници за контрола на првиот тим пред десетина дена пред стартот на Евролигата на 20 октомври.

Еурофарм Пелистер од Битола, како поквалитетна и поискусна екипа ја победија втората екипа со 27:26, полувреме 18:13.Натпревар во Битола се реши во инересен финиш, со голот на босанскиот ракометар Јосип Периќ, кој на 19 секунди до крајот го даде победоносниот гол на својот тим, а помладите пелистерци не ја реализираа акцијата за израмнување. 

Најпрецизни ракометар кај победникот беа Кушан и Мандалиниќ со по пет гола, а Дарио Петровски од вториот тим погоди шест пати.

More from СпортMore posts in Спорт »