Во чест на 11. Октомври, Ден на народното востание се одржа традиционалната велосипедска трка “Трофеј 11-ти Октомври” во Куманово, на која настапија и велосипедистите од Битола, од ВК Пелистер 15 мај. Трката беше хронометар, на која настапија сите клубови, а ја организираше велосипедската федерација на Македонија ВК Куманово.
На ова трка четворица велосипедисти од Битола се закитија со медали и тоа:
-Златко Гецовски, прво место во категорија мастерс.
-Теодора Кртсевска – второ место и Фросина Начовска – трето место во категорија жени, и
-Михаил Богдановски – трето место во категорија У-13.
Тренерот на Пелистер 15 Мај, Африм Јусуфи по враќањето во Битола ни рече:
-Тешка трка низ Куманово со многу возачи и со конкуренција од сите клубови, а е возеше “круг“ низ градот. Пелистер настапи со девет возачи, од кои четворица имаа пласман за медали. Гецовски стандардно прва во мастерс категоријата, Михаил редовно освојува медали, а двете женски на кои ова им е прва сезона, се најдоа заедно освојувајќи второ и трето место. Имавме шанси за уште некое место плус, но возачите не се снајдоа најдобро, иако имаат потенцијал.
Сега престои пауза, а Јусуфи вели оваа седмица ќе ја искристат за подобрување на формата за наредната трка која ќе се одржи во Кичево. По оваа трка во Кичево ни следуваат четири крос трки, а ќе настапиме на сите бидејќи сакаме да бидеме први во младинските категории, како што бевме минатата сезона.
Инаку, првата крос трка ќе се одржи во Битола во градскиот парк на почетокот на ноември.






