Ракометнитниот клуб Еурофарм Пелистер 2 од Битола информира дека двајца ракометари пријавиле симптоми на коронавирус и по тестирањето нивните резултати се позитивни.
Целата екипа, стручниот и медицинскиот тим веќе се тестираа и се очекуваат резултатите.
Во зависност од нив ќе се знаат следните чекори и продолжувањето на тренажниот процес.
До прекинот на натпреварите од Супер лигата, Еурофарм Пелистер 2 од Битола одигра четири натпревари во група “Б“ и запиша две победи и два порази.






