Во продукција на Будо центарот „Пелистер“ од Битола излезе ДВД-изданието „Реален аикидо за деца и возрасни“, во кое се содржани сите техники за полагање од жолт до мајсторски појас.
Автор на ова издание е аикидо мајсторот Ѓуро Илиќ – 7 Дан, тренер во џудо-клубот Пелистер од Битола, претседател на аикидо федерација на Македонија, а ова e прв ДВД- материјал со ваква тема за реалното аикидо во државата.
Во изведбата на техниките му асистираа Виктор Ивановски, Љубен Андријашевиќ и Петар Ристесвки, снимките ги направи Васил Проески, монтажата е на Саше Богоевски, додека графичкиот дизјан е на Петар Ристевски.
Промоцијата на ова најново издание се очекува наскоро, а изданието е во рамките на прославата 50 години џудо клуб Пелистер – Битола.






