Press "Enter" to skip to content

Пелистер елиминиран од Купот, “на пенали“, по водство од два гола и со фудбалер повеќе

Ренова – Пелистер 6:5, 2:2 (0:2)

Пелистер од Битола е елиминиран од осминафиналето од фудбалскиот Куп на Македонија од екипата на Ренова од Џепчиште по изведувањето на пенали 6:5, откако водеше со 0:2, во натпревар во кој имаше и играч повеќе уште од стартот на второто полувреме.

Екипата од Битола водеше со 0:2 до 83. минута од натпреварот со  головите на Хот и Фазлиу, од кога до крајот на натпреварот примија два гола по што се изведуваа пенали за пласман во четвртфиналето.

По серија од пет панали и по други два удари од белата точка, вкупно по седум пенали, фудбалерите на Ренова имаа повеќе спортска среќа, извојува победа со 6-5 и на неверојатен начин се избори за четвртфинале на Купот.

More from СпортMore posts in Спорт »