Денес ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола ќе се тестираат на ковид-19, а потоа Жељко Бабиќ ќе го соопшти списокот на ракометарите кои ќе патуваат за Данска во понеделик.
Во очекување на резултатите интернационалецот Јосип Периќ, кој поради откажувањето на натпреварот со Татабања, не се претстави пред публиката во Битола вели:
-Сигурно дека нè пореметија откажувањата. Но, ние добро тренираме и се подготвуваме како секој ден да започнат натпреварите. Подготвени сме за 27 октомври и натпреварот против Данците. Спремни сме, желни сме за игра и тоа е најважно. Само ги чекаме натпреварите.






