Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одработија последниот тренинг во Битола пред заминувањето во Данска, каде утре со почеток во 18,45 часот ќе го одигра својот прв натпревар од “Д“ групата на Лига Европа.
Сите ракометри се негативни на ковод-19, а тренерот Жељко Бабиќ ќе има прилика да игра со најсилен состав, а се одлучи во Битола да останат Милан Ѓукиќ, Елмир Граџан и Дејан Кукувски, со оглед на тоа што во протоколот може да се пријават шеснаесет ракометари.
Денес, од Битола тргнува ракометната експедиција за прв пат оваа сезона е се очекува по летот до Малме, Шведска, а потоа со автобуски превоз до Гудме ќе пристигнат во Данска. Првиот лесен тренинг битолчани ќе го имаат утре наутро.

Еурофарм Пелистер денес патува за Данска, Бабиќ остави тројца ракометари во Битола
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!





