Press "Enter" to skip to content

САМОДОВЕРБА, проект за поттикнување на позитивна енергија и квалитетно ментално здравје

ЕУ ИНСТИТУТ Скопје ќе реализира серија на статии кои ќе ги објавува “Bitolanews“ – Битола,  со кои веруваме дека заеднички позитивно ќе влијаеме во креирање на подобра самодоверба кај населението во РС Македонија.

Во денешната прва објава на оваа тема најнапред би дала една општа дефиниција за поимот самодоверба.

ШТО Е САМОДОВЕРБА ?

При моите истражувања дојдов до интересни податоци на оваа тема од кои како дефиниција би го издвоила следново. “Во психологијата, терминот самодоверба се користи за да се опише целокупното чувство на личноста или личната вредност“. Со други зборови кажано, самодовербата значи колку сме сигурни во себе, колку се цениме и сакаме себе си.

Верувам дека секој од нас се цени и сака себе си во помала или поголема доза. Некогаш е итересно што несвесно многу пати себе си се забораваме, се ставаме на последно место.

На сите нам некогаш ни се случило да имаме доза на ниска самодоверба. Причините за ваквиот вид на чувство се најразлични и сигурна сум дека ги има многу. Самодовербата и самопочитта се тесно поврзани една со друга. Па да видиме, како би ја дефинирале самопочитта.ШТО Е САМОПОЧИТ?

Многупати самодовербата се нарекува и самопочит и може да биде важен дел од успехот. Самопочитта суштински е особина на личноста. Ова всушност значи дека има тенденција да биде стабилна и трајна.

ШТО ВКЛУЧУВА САМОПОЧИТТА?

Нашата самопочит вклучува различни верувања кои ги имаме за себе. Кои се тие? Да речеме тоа е како ние го цениме сопственото однесување, како го проценуваме сопствениот изглед, како го проценуваме нашето верување за нештата, какво гледиште имаме за сопствените емоции и на крајот на краиштата како го карактеризираме и цениме нашето лично однесување.

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ИМАМЕ САМОДОВЕРБА?

Основата на самодовербата и самопочитта е дека играат клучна улога во нашата мотивација во текот на целиот наш живот.

Доколку немаме самодоверба, тоа може да значи дека ќе назадуваме во работата и животот од причина што нема да веруваме дека сме способни за успех.

Поентата на моето говорење денеска е дека потребно да имаме здрава и квалитетна самодоверба која сами ќе ја изградиме. Саамодовербата и позитивниот став ќе ни дадат ветер во грбот, ќе го придвижиме нашиот живот во позитивна насока. Самодовербата е потребно да биде наш наметлив став и верување дека ние можеме да ги реализираме и оствариме нашите замислени цели. Самодовербата придонесува во вербата во себе.СОВЕТ:

Некогаш е добро да се сконцентрираме и да излеземе самите од себе за да се погледнеме со очите на другите за да ја согледаме реалната ситуација за себе. Какви сме, каков е нашиот однос со самите себе си и околината во која живееме, функционираме и работиме. Ова знам дека е предизвик.

Доколку сме ментално здрави, секогаш сме способни за ваков вид на ментална гимнастика.

Продолжува…

За сите консултации, on-line предавања на оваа, но и други теми можете да не контактирате на: info@euinstitue.eu

Напомена: Ниту еден дел од овој текст не смее да биде препечатуван, копиран или објавуван во било која форма или на било кој начин во електронските или печатените медиуми, без писмена согласност од авторот. Недозволеното репродуцирање се казнува со закон.

More from СоветиMore posts in Совети »