Американецот Џордан Калахан е блиску до потпис на договор со екипата на Пелистер од Битола.
Последен тим, пред најавеното доаѓање во Битола, на 30-годишниот плеј, беше грчки Ионикос, а претходно има настапувано во германското, италијанското, полското и белгиското првенство.
Во пресрет на новата сезона пелистерци се засилија со Трајковски, Стајиќ, Кесар, Басит и Вилијамс.
Заради позитивен кошаркар на ковид-19, Пелистер го одложи натпреварот од првото коло против Кожув во Гевгелија.






