Во градскиот парк во Битола денес на пладне се одржа вело прошетка наместо традиционалната вело-трка по повод Денот на ослободувањето на Битола, 4. Ноември.
Организатор на вело-прошетката, заедно со Општина Битола, беше велисипедскиот клуб Пелистер 15 Мај, а бројот на учесници заради ковид-19 мерките и зголемиот број на позитивни и заболени лица беше ограничен.
На околу триесетина велосипедисти, основни, средношколци и други им се обрати Емилија Костурски, заменик градоначалник на Битола.
-Оваа години наместо масовна вело-трка ќе имаме вело-прошетка низ Градскио парк во Битола, а наместо доделување медали и дипломи на најдобрите по категории во небото ќе пуштиме балони, а со тоа ќе го одбележиме празникот на градот, Денот на ослободувањето на Битола, 4. Ноември. Сакам да ви пораам уште еднаш да се чувате, да ги запазиме сите мерки за заштита, и до година на овој ден да бидеме во голем број, рече Костурски.
Во име на велосипедскиот клуб Пелистер 15 Мај, се обрати членот на УО, Горан Козаров, кој рече:
-Денес сме тука, во градскиот парк во Битола, каде се бистите на народните херои, првоборците, и го одбележуваме Денот на ослободувањето на Битола. За жел денес ќе немаме борба за медали, ќе немаме масовност, а ќе имаме само една прошетка низ паркот, со која не само ќе го одбележиме овој светол датум за Битола, туку и ќе се потрудиме, сите заедно да ја зголемиме свеста за користење на велосипед за движење низ Битола и за рекреирање.
По возењето низ паркот, на средината од паркот каде беше “целта“ се пуштија балоните во небото.

Ревијална вело-прошетка наместо вело-трка по повод 4. Ноември (фотогалерија)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар по поразот: немавме решени за нивната игра, примивме лесни голови, а паднавме без “испукан куршум“
- Пораз на Еурофарм Пелистер во Битола во 1. коло од Лига Европа, а се беше подготвено за успех (фотогалерија)
- Зелен тепих, роденденска торта, нови членски, фан зона за осмиот играч “Чкембари“ (фото)
- Никола Митревски: вечерва е натпреварот кој го чекаме, подготвени сме за Логроњо
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!





