
Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола
Успехот има структура. За вистински голем успех во животот како целина, успехот мора да ги содржи сите делови, а ако еден од нив нема успехот не е загарантиран
Луѓето се разликуваат по тоа што го сметаат за важни животни цели и вредности. Секое време и секое општество има некои свои вреднсоти. Постојат низа различни цели кон кои тежат луѓето, во вредностите кои ги имаат и по начините кои ги користат за да ги реализираат, но тоа е само надворешна слика.
Во своите основни потреби, во она што се вика основна човекова природа, малку се разликуваат. За да се постигне прав успех во животот потребни се сите делови, а тоа се :
ВИЗИЈА: човекот мора да знае што сака, за да успее во тоа. Затоа обично за успешните луѓе се вели дека се визионери кои знаат што сакаат од животот. Човекот кој јасно знае што сака, може јасно и да види како изгледа остварувањето на својата цел.
ВИСТИНОЉУБИВОСТ: вистонољубивостили способност на самопроценка е клучен дел на секој успех. Најмоќното знаење е знаењето за себе самиот. Вие сте заеднички именител за се што ви се случува во животот.
УПРАВУВАЊЕ СО СЕБЕ: со животот е потребно да се управув, ако не сте за воланот на својот живот, животот ќе ве „вози“. Луѓето кои се успешни во животот свесно и намерно се грижат за себе. Тие активно водат сметка за своето физичко, емотивно, психичко и духовно здравје. Постојано вложуваат во себе и во развојот на своите вештини.
СПОСОБНОСТ НА ОДРЕДУВАЊЕ НА ПРИОРИТЕТ: луѓето кои успеваат знаат прецизно ШТО треба да прават, по кој редослед ќе се одвиваат нивните активностри. КАКО ќе ги спровдуваат своите акции КАДЕ тоа ќе го прават.
СТРАСТ: страста е мото, погонска сила, меѓутоа страст нема без суштински желби и прави цели поставени од срце. Страст на играта само за цели во кои се верува и кои доаѓаат од срце.
ХРАБРОСТ: храброст не збначи отсуство на страв, туку негово надвладување. Се вели и „Среќата ги прати храбрите“.
ФЛЕКСИБИЛНОСТ: најбарана особина моментално. Ако нешто не оди како што треба тогаш се менува. И најдобрите стратегии и планови мораат понекогаш да се менуваат, бидејќи светот и светот се менува, па мораме да се прилагодимне на условите. Флексибилноста не дозволува круто да се придржувате на зањстарени правила и модели.
ОДГОВОРНОСТ: во коренотна овој збор лежи и основната негова функција. Одговорност е адекватен одговор на барањата на ситуацијата. Одговорност значи реалност, објективна проценка на релноста. Одговорнсот значи способност да се процени кој е одговорот на ситуацијата ќе даде и најдобри резултати.
АКЦИЈА: акцијата е амбициозност. Победници се луѓето кои постојано превземаат смислена, сврсисходна и усмерена акција. Тие не го менуваат светот со мисли, туку дејствуваат.
Од книгата на проф. д-р Небојша Јовановиќ






