Press "Enter" to skip to content

Драган Наумовски: тренираме за финале иако дружењето со гостите ќе биде во прв план

Во петок ќе започне големиот кошаркарски Велигденски турнир на кој ќе се одиграат и турнир за ветерани. На тој турнир домаќин ќе биде екипата на ветерани на Пелистер за што ветераните одамна интензивно се подготвуваат.

Еден од “помладите ветерани“ е Драган Наумовски кој за тоа како се одвиваа(т) подготовките вели:

-Тренираме веќе подолг период, но во последниот месец го интезивиравме подготовките, а на тренинг сме сите кои треба да играме в петок и сабота. Вакво турнирско искуство имаме од лани кога во Задар игравме на турнир за ветерани и ни беше прво вакво искуство. Што се однесува пак до кошаркарите имаме проблем со повредата на Сашо Марковски, но на негово место веќе се наоѓа Јован Христовски, што ќе биде големо засилување за нас. Покрај него во екипата ќе биде и Томе Здравевски кој доаѓа специјално од Германија за овој турнир.За екипите кои ќе бидат во Битола, Наумовски вели:

-На овој меѓународен турнир за ветерани гости ќе ни бидат две странски екипи, Воштаница од Задар-Хрватска, и екипата од Лесковац – Србија. Покрај нас како домаќините  екипата на Пелистер, ќе бидат и три екипи од Штип, Струмица и една комбинирана екипа. Очекувам добри натпревари и секако многу надигрување на терен, колку што ни се можностите и секако уште повеќе дружење. За сите екипи, ветерани Пелистер обезбедија и свечена вечера која ќе биде во градската кафеана на хотел “Епинал“ во петок, а за очекувањата вели:

-Очекувам ништо помалку од финале, а таму кој ќе биде наш противник не знам, но ќе се потрудиме да победиме и во финалето на овој меѓународен турнир.

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »