ЈВ Кисела Вода – Пелистер Волеј 3:0
(25:17; 25:21; 25:17)
Со вчерашниот пораз во Скопје, билансот на одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј од Битола, по 4 натпревари е 2 победи и 2 порази со 50% ефект, или статистички 6 бода и 4 место на табелата во групата “Б“.
За вчерашниот натпревар тренерот на Пелистер Волеј по враќањето во Битола рече:
-Знаевме дека нема да биде лесно во Скопје, бидејќи од Битола на овој натпревар тернавме некомплетни без неколку стандардни провотимки, па затоа и првиот сет го започнавме невообичаено со ротации и измени. Но, тоа не даде посакуван резултат, па го загубивме со 25:17 исто како и третиот. Во вториот сет заигравме стандардно и многу подобро, но на крај ги загубивме силите и сетот заврши 25:21.
Митковски додава и дека тоа што красеше нивната игра и овој пат беше блокот, но ќе мора да доработиме на тоа, но и на други елементи од играта.






