Пелистер -Шкупи 80:73
Спортска сала “Младост“ во Битола
Гледачи: 800
Судии: Цветановски, Панов и Милојевиќ
Пелистер: Талтон 5, Роберт 28, Анакиевски 26, Фундербурн 4, Голубовиќ 6, Цветиновиќ 1, Трсунов 3, Давков 7, Илиевски, Трајковски, Атанасовски, Талевски.
Шкупи: Рид 18, Кого 17, Ристов 8, Адегоке 13, Догбо 15, Гулевски, Мифтари, Мемет, Азин, Ристовски 2, Мемети, Хил.
Кошаркарите на Пелистер од коло во коло, од натпревар во натрпревар играат се подобро и секогаш се чекор напред кон опстанокот во првата лига. Овој пат новиот чекот го направија во “Младост“ на стартот на плеј-аутот, со победата над Шкупи со резултат 80:73.
Екипата на Пелистер играше изедначено во двете четвртини од натпреварот, но во третата четвртина гостите направија разлика од шест коша, 59:53. Вистинска борба за бодови имаше во последната, четврта четвртина кога се разиграа бековите Анакиевски и Роберт, а резултатот беше 27:14 во корист на Пелистер, што беше повеќе од доволно за старт со победа.
На три минути до крајот на натпреварот беше нерешено 68:68 и се влезе во неизвесна завршница, но прецизните удари за три поени на Анакиевски и Роберт и претходно, едното реализирано слободно фрлање на Анакиевски, и донеоа предност од седум коша, што ги “сркши“ гостите и немаа сили за враќање во игра и “бркање“ на разликата. Потоа следуваше и најголемата разлика за “пелистерци“ од 12 коша, 80:68, што значеше и серија од 12 коша на Анакиевски и Роберт.
До крајот на натпреварот се играше рутинирано од страна на Пелистер, предводен од тренерот Зоран Петковски и со разлика од +7 се заврши натпреварот, 80:73.
Најефикасе кај Пелистер беше Луис Роберт со 28 поени и Анакиевски со26 поени.
Во наредното коло од плеј-аутот Пелистер гостува кај Кожув.






