Пелистер Волеј – Виктори Волеј 3:1
(25:21; 22:25; 25:15; 25:23)
Во салата на медицинското училиште во Битола попладнево се одигра заостанатиот (последен) натпревар од 6. коло во рамките на прва фаза на државното првенство во одбојка, а екипата на Пелистер Волеј беше домаќин на Виктори Волеј од Струмица.
По завршувањето на натпреварот тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски, задоволен од победата на своите избранички рече:
-Значајна победа на Пелистер Волеј. Одличен натпрњвар во кој имавме достоен и мотивиран противник кој навистина не намачи за оваа толку посакувана победа. Освоивме 70 поени, од кои 50 од напад 19 АС поени и 1 поен од блок.
Денес поените ги освоија: Ана Пејовска 20, Стефани Најдановска 20, Ева Трпеновска 16, Теодора Андоновска 6, Ивана Василевска 5, Михаела Цветановска 2, Тамара Жабјановска 1.
-Пелистер Волеј ја завршува првата фаза со 3 победи и 3 порази, вкупно 9 бода, 10 добиени и 10 загубени сета, со позитивен поен количник, но за жал не успеавме да влезиме во првите 6. Сепак, стартуваме на пол позиција во втора фаза 2 која ќе се игра по бергеров систем. Ќе се играат 14 кола секој со секого, додава Митковски.
По завршување на оваа фаза првиот и вториот обезбедуваат директен пласман меѓу најдобрите 8 екипи.
[ngg src=”galleries” ids=”631″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






