Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 26:27 (9:11)
Спортска сала “Јасмин“ во Кавадарци
Судии: Начевски и Николов
Тиквеш: Мицев, Медиќ 4, Ристовски, Лазов 3, Велков, Петров, Смињаниќ 2, Димитров, Ѓоргиовски, Симиќ 7, Гошевски, Окардов 1, Коцев 3, Коловски, Јанчев 6.
Еурофарм Пелистер 2: Кузмановски 8, Ј. Талевски 6, Петковски, Петровски 4, В. Димитровски, Ивановски, И. Димитровски, С. Талевски 3, Стоилевски 3, Атанасијевиќ, Белистојановски, Бардаковски, Дрогришки 2, Блажевски, Арсеновски.
Ракометрите на Еурофарм Пелистер 2 му се реваншираа за поразот во Битола во првиот дел од сезоната, победувајќи во Кавадарци, минимално но заслужено, 26:27, и сега во овие бодови освоени во гости се поблиску до местото кое води во плеј-офот во ракометната Супер лига.
Младиот тим од Битола имаше водство во поголемиот дел од средбата, а иако кавадарчани се обидоа да фатат проклќок неколкупати, не успеаја да го свртат натпреварот. Во финишот беше најсериозно, затоа што домашните дојдоа до резултат 24:25 благодарение на разиграниот Симиќ. Голот позитива Еурофарм Пелистер го држеше и во следните два напади, а мирна рака пред крајот имаа Кузманоски и Талевски.
Најдобар кај победникот беше Цветан Кузманоски со феноменална партија и осум гола, пред Јован Талевски со шест гола, а Петровски заврши со четири.






