Press "Enter" to skip to content

Нов пораз на Пелистер во Битола, за влегување во поголема криза за опстанок (фото)

Пелистер – Шкупи 1:3 (1:2)

Стадион под Тумбе кафе во Битола, играно без гледачи

Главен судија: Димитар Мечкаровски од Скопје

Стрелци: Маневски во 10 за Пелистер, Дарбо во 21, 28 и 55 за Шкупи

Ж. картони: Илиески (П) Исени, Диак (Ш)

Пелистер: Талески, Илиевски, Спиркоски, Маневски (Бошковски), Борха (Исмаили), Кочоски, Фазлију (Талески), Пејаковиќ, Драгарски, Илиески, Нето (Хот)

Шкупи: Иљази, Глишиќ (Исмаили), Диак, Исени (Илјази), Адеми (Гоудиаби), Алварез, Кривањева, Дарбо (Бериша), Глигоров, Алии (Биљали), Лима.Нов пораз на Пелистер, овој пат на свој терен во Битола, под Тумбекафе, со кој Пелистер останува во опасната зона за испаѓање со само 12 бода.

Пелистер прими три голе од напаѓачот на Шкупи, Дембо Дарбо среде Битола со својот хет трик, иако први поведоа. Битолчани почнаа агресивно, а по индивидуалната акција на Пејаковиќ во 17. минута, топката стигна до Маневски, а овој со прецизна дијагонала го матира Иљази и го отвори резултатот (1:0).

Шкупи израмни во 20. минута, кога по центрашутот на Глишиќ, Дарбо беше осамен во петте метри и погоди за 1:1, а слично беше и во 27. минута кога Дарбо го постигна вториот гол за 1:2. Дарбо со соло акција сам против одбраната на Пелистер погоди за конечни 1:3.

More from СпортMore posts in Спорт »