Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ, тренер на Еурофарм Пелистер Битола, се радувам на натпреварот и очекувам победа

Жељко Бабиќ, тренерот на Еурофарм Пелистер од Битола пред вечерниот натпреварот во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, против Тримо Требње, вели дека има добра анализа и победничка атмосфера.

-Направивме добра анализа на натпреварот во Словенија, го вративме победничкиот менталитет и верувам дека оваа ситуација е одлична за цел тим и за цел клуб. Стресот ни е неопходен и ова ќе биде тест за мене и за целата екипа. Треба да видиме дали може да играме против стресот и притисокот и да го добиеме овој натпревар. Овој дуел доаѓа во вистинско време и длабоко верувам во овој тим и во неговите квалитети. Во Словенија не го покажавме нашето право лице. Постојат и причини за тоа, но нема потреба да се навраќаме на тоа. Имаме стрес, притисок и јас се радувам на натпреварот.

За поразот во Љубљана Бабиќ ја презема одговорноста на себе и додава:

-Моја одговорност е натпреварот во Љубљана. Морам да поработам на психолошки план, да можеме да играме 60 минути на високо ниво. Евидентно беше дека сме под притисок, бидејќи имавме одлични акции кои не ги реализиравме, а и во одбрана не одбранивме многу напади. Но, тоа во спортот се случува. Најважно е што ние имаме квалитет, па ако добро се тренира и ако тимот е заедно, треба да бидеме трпеливи и резултатите ќе дојдат. Можеби овој натпревар доаѓа во ситуација која за нас не е најдобра, но од проблемите се раѓаат можности. Малку ќе ја променам стратегијата и верувам дека тоа на крај ќе вроди со плод.

More from СпортMore posts in Спорт »