Еурофарм Пелистер – Тримо Требње 33:26 (20:14)
Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола, без публика
Судии: Амар и Дино Коничањин од Босна.
Еурофарм Пелистер: Мараш 1, Марковски, Маџовски 4, Мандалиниќ 11, Кушан 6, Стјепановиќ, Радовиќ 1, Танковски, Трајковски, Периќ 1, Костевски 3, Чаневски, Вегар, Кукувски, Велковски 3, Граџан 4.
Тримо Требње: Рашо 8, Вишњек, Дидовиќ, Гројздек, Добовичник, Томиќ, Хамидовиќ 4, Озгур 4, Камникар, Поточник 3, Удовиќ 2, Брана, Грбиќ 1, Цирар 3, Флорјанчич 3.
Она што го најави тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ дека со нетпрение го очекува натпреаварот и победата со “нова игра“се оствари вечерва во Битола, кога ја победија екипата на Тримо Требње со резултат 33:26, полувреме 20:14, во петтиот натпревар во Евро Лигата.
“Пелистерци“ имаа целосна контрола над составот од Словенија по првите 15 минути, покажувајќи дека овој тим поседува далеку поголем потенцијал од она што го прикажа на досегашните средби.
на стартот словенците имаа минимална предностна почетокот на мечот, а Еурофарм Пелистер за првпат да поведе во 7. минута, 5:4, за да следи ново израмнување 8:8 во 14 минута. Но, потоа се беше во знак на Еурофарм Пелистер, 14:11, 15:11, за одмор да заминат со +6 (20:14).
Вториот дел од средбата беше можност да се одигра мирно. Водството кое беше стекнато во првиот период од средбата беше зголемено до осум гола на средината од вториот дел. Битолчани имаа 27:19, а потоа дојде до минимално опуштање и простор за гостите да намалат. Ништо не се промени ниту во последните 10 минути. Еурофарм Пелистер искусно го чуваше водството и не дозволи во ниту еден момент гостите да се разиграат и да се вратат во игра, а тоа донесе заслужена победа од 33:26.
Мандалиниќ со 11 гола, беше нерешлива енигма за гостите и најпрецизен на натпреварот, додека солидна партии имаа уште Кушан 6, Маџовски 4, Граџан 4,






