Македонија ЃП – Пелистер 2:1 (1:1)
Нов шест по ред пораз на фудбалерите на Пелистер од Битола, овој пат на гостувањето во Ѓорче, кај екипата на Македонија ЃП 2:1, полувреме 1:1, во 16. коло од ПМФЛ.
Екипата на Македонија прва поведе со голот на Ганецот Калид, а потоа екипата од Битола израмни на 1:1 со голот на Илиевски.
Но, иницијативаната на Македонија ЃП им донесе втор гол, а стрелец повторно беше Калид, за 2:1 и три бода.
По 16 одиграни кола Пелистер се наоѓа на претпоследното место на табелата со освоени 12 бода, пред последната Беласица со 9 бода.






