Press "Enter" to skip to content

Убедлива победа на Пелистер во Битола со постигнати 122 коша

Пелистер – Вардар 122:72 

Спорстка сала “Боро Чулевски“ во Битола, без публика

Судии: Митровски, Цветановски и Андонов

Пелистер: Стаиќ 6, Малешевиќ 16, Кесар 19, Вилијамс 18, Зекири 11, Најдовски, Нацевски 17, Јовановски 4, Трајковски 11, Михајловски 9, Калахан 10.

Вардар: Ташовски 15, Крстевски 5, Донаковски 3, Провел 21, Радош 10, Невес, Ивановиќ 13, Ристовски, Бајрам 3, Атанасов 2, Петков.

Кошаркарите на Пелистер во Битола ја запишаа втората победа во два одиграни натпревари во Првата лига, го декласираа Вардар со 122-72, по четвртини 36-18, 27-13, 33-20, 26-21. Тимот на Марјан Илиевски доминираше од почетокот до крајот и заслужено дојдоа до новата радост.

Од самиот почеток “пелистерци“ многу сериозно му пристапија на противникот, поведоа со 14:0. Во 12. минута веќе беше +20, а на одмор се замина со огромни 63:31.

На влезот во последниот период Пелистер имаше недостижни 96:51, по што Илиевски им даде шанса на сите кошаркари, а пелистерци извојуваа победа од 122:72.  

Најефикасни во тимот на Пелистер беа Кесар со 19, Вилијамс со 18 и Малешевич и Начевски со по 17 поени. 

More from СпортMore posts in Спорт »