Пелистер – Беласица 1:0 (0:0)
Играно на стадион “Под Тумбекафе“ во Битола, без гледачи
Главен судија: Стојанче Трпчевски
Стрелец: Талевски 81‘ (П)
Жолти картони: Кочоски, Пејаковиќ, Талески, Николовски, Маневски (П) и Митевски (Б)
Пелистер: Талески, Спиркоски, Хот (Талевски од 56‘), Бошковски, Кочоски, Николовски, Фазлију (Нето од 73‘), Пејаковиќ, Драгарски, Илиески, Маневеки (Наумоски од 90‘)
Беласица: Ѓоргиев, Милушев, Размоски, Сулев, Калпачки (Михаилов од 81‘), Митевски, Ивановски, Митевски, Серафимовски, Бајрами, Каланоски (Коцев од 40‘), Да Силва
Крај на лошата серија на Пелистер, по шест кола порази, денес во Битола, победа со три бода кои даваат надеж за спас од испаѓање. Со оваа победа од 1:0 во Битола “пелистерци“ направија скок од едно место на табелата во шампионатот и сега се на десеттата позиција со 15 бода.
По една соло акција на Пејаковиќ, топката среќно стигна до 16-годишниот Михаил Талевски, кој без многу размислување биеше од прва и ја погоди целта, за голема радост на домаќините.
Во следното коло, кое на програмата е в среда, Пелистер е пред нов тежок испит, затоа што гостува кај есенскиот првак Шкендија.






