Иако имаше бројни одложувања и стартот на сезоната беше загрозен, СЕХА реши да го започне натпреварувањето, па така ракометната сезона во СЕХА лигата ќе започне со значително задоцнување, во Битола, в понеделник на 21 декември.
Токму на отворањето на сезоната 2020/21 во Битола, ќе игра битолскиот претставник екипата на Еурофарм Пелистер, кој во првото коло на домашен паркет ќе ја пречека Металопластика од Шабац. Натпреварот е предвиден да започне во 17:45 часот.
Делегирани се црногорските судии Митровиќ и Вешовиќ за делење на правдата на натпреварот, а делегат ќе биде Марјан Начевски.
Инаку, Еурофарм Пелистер е во група со Маталопластика, Татран Прешов и ППД Загреб.
Засега не е познат официјален распоред за сите натпревари ниту како натпреварувањето ќе се организира, а неиграњето во СЕХА досега беше голем удар за македонските тимови во евро-куповите, кои без вистински ритам мораа да играат против веќе уиграни ривали.






