Пелистер – Куманово 113:75
Спорска сала “Боро Чурлевски“ во Битола, без гледачи
Судии: Јанков, Антовски и Крстевски
Пелистер: Стајиќ 26, Малешевиќ 15, Кесар 22, Трајковски 11, Калахан 13, Најдовски 2, Вилијамс 9, Начевски 4, Јовановски, Михајловски, Зекири 9.
Куманово: Марковски 13, Андревевиќ 14, Црниќ 2, Рос 17, Глигоријевиќ 13, Стојановски 7, Тодоровиќ, Робев 11, Јовановиќ, Грант, Волкановски, Георгиевски.
Кошаркарите на Пелистер одиграа нов натпревар во Битола во кој постигнаа повеќеод 100 поени, овојпат убедливо над Куманово, со резултат, 113-75.
Двете екипи почнаа нервозно, но водени од Стајиќ и Србите Малешевиќ и Кесар, домаќините брзо се одлепија. Во осмата минута предноста веќе беше +14, а одлично беше затворен Американецот кај кумановчани Кори.
Куманово немаше сили да се врати ниту по паузата, а Пелистерц прпдолжи одлично и одново ја проби границата од сто поени во последната четвртина.
Со оваа победа екипата на Пелистер од Битола уште еднаш најави дека има силни амбиции во оваа сезона која е во тек.
Бобан Стајиќ беше најдобар играч на натпреварот со 26 поени на своето конто, а Кесар собра 22.






