Понеделник, по одложувањето, започнува годинашната СЕХА ракометна лига, а во Биќе ја пречека екипата на Металопластика од Шабац, Србија. Стартот на СЕХА лигата доаѓа на крај од полусезоната, но за пелистерци е добредојден, бидејќи од сите екипи во натпреварувањето тие одиграа најмал брот натпревари.
На вчерашниот тренинг, кружниот напаѓач Елмир Граџан за престојниот натпревар во Битола ни рече:
-Дојдовме до моментот да почнеме да ја играме СЕХА лигата, која одамна ја чекаме и која треба да ни послужи да се воиграме за натпреварите од Европската лига. Желни сме за игра, секој натпреварот е битен за нас и како и секогаш играме на победа. Ќе дадеме максимум и тоа да го оствариме. Наша цел е да се осврнеме на себе и на нашата игра. Потоа ќе ги анализираме противниците како што доаѓаат. Сите ние сакаме да стигнеме што подалеку, се надеваме на тој „фајнал-фор“. Ќе видиме дали тоа ќе го оствариме. Во нашата екипа има многу засилувања, многу големи имиња. Металопластика и натаму е млада екипа. Ако не пристапиме максимално, тие се екипа која може да ни создаде проблеми. Но, ние тоа нема да го дозволиме. Штом играат во СЕХА лигата не се за потценување. Сепак, се надеваме на победа“, заврши Граџан.






