Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на Пелистер во карантин во Кратово

Фудбалерите на Пелистер денес на стадионот во Кратово ќе го играат одложениот натпревар против екипата на Силекс кој беше одложен пред околу еден месец поради врнежите од снег.

За овој натпревар фудбалерите имаат посебен режим, а веќе од вчера се наоѓаат во карантин во Кратово, каде го чекаат стартот на натпреварот.

“Пелистерци“ против екипата на Силекс влегуваат со изразен оптимизам посебно по добро одиграната средба против Вардар во Битола, кога вечното дерби заврши без голови,  а за добрата игра пофални зборови имеше и тренерот Марјан Секуловски, кој рече малку фалеше да освоиме три бода, но, одиме чекор по чекор, не чека борба до крајот.

А сите се надеваме дека следниот чекор кон опстанокот, односно следните бодови ќе бидат денес донесени од Кратово.

-Нам ни е потребен секој бод било каде да е освоен, па нека биде и од Кратово, од екипата на Силекс. Имаме добра атмосфера, добра игра и ни треба гол или два за да освоиме бодови, вели Димче Ристевски, кој на паузата се врати во Пелистер.