Press "Enter" to skip to content

Размоски од Беласица прво засилување под Тумбекафе во Битола

Охриѓанецот Дарко Размоски, од екипата на Беласица, е првото засилување на ФК Пелистер од Битола, за пролетниот дел од сезоната кога Пелистер го чека тешка борба за опстанок. Размовски е замена за Фазлиу, кој треба да го засили Шкупи.

Размоски има 21 година и игра на крилната позиција, а се очекува да биде големо засилување во нападот на „зелените“. Доаѓа како слободен, а своите квалитети ги покажа оваа есен. Охриѓанецот за Беласица во првата полусезона одигра вкупно 18 натпревари. Во кариерата тој играше уште и за Брегалница и Академија Пандев.

More from СпортMore posts in Спорт »