Работнички – Пелистер 81:105
(17:35, 19:25, 22:20, 23:26)
Само малкумина веруваа дека кошаркарите на Пелистер од Битола ќе бидат први на табелата со шест победи од шест натпревари, а посебно дека во Скопје ќе падне големиот Работнички, убедливо со +24 поени. Со ови шест од шест Пелистер е лидер на табелата, а амбициите на битолчани се поголеми од ден на ден.
Битолчани започнаа одлични, а Работнички немаше решение за Трајковски и Кесар и предноста брзо стана двоцифрена. Капитенот Бојан Трајковски запиша 12 поени во првата четвртина која заврши со убедливо 17:35 во корист на гостите од Битола.
Во втората четвртина Работнички проба да се врати во игра, но безуспешно, а на одмор по 20 минути игра по две четвртини се отиде со 36:59.
Иста слика во третата чествртина добарт обид на Работички да нарави нешто повеќе но по 10 минути Работнички дојде само до два поени предност 22:20, или вкупно 58:79. Тоа веќе беше разлика од 21 кош во корист на битолчани, а тоа по играта беше невозможно Работнички да избегне пораз.
Последната четврина беше само формалност. Пелистерци играа моќно во одбрана и сигурно во одбаранат. По 40 перфектни минути, Пелистер извојува победа од 81:105.
Најефикасни во тимот на Пелистер се истакнаа Трајковски со 26 и Малешевиќ со 20 поени. Двоцифрени беа и Вилијамс со 16 и Кесар со 12 поени.
Пелистер в среда пак ќе игра во Скопје гво заостанат дуел против ТФТ Скопје.






