Press "Enter" to skip to content

Димитар Митревски, спортски директор на Еурофарм Пелистер: во Стипе добивме лидер на тимот

По неколку седмици преговори Управата на Еурофарм Пелистер од Битола, се договори и со тоа заврши голема работа со потписот на нов договор со хрватски репрезентативец, Стипе Мандалиниќ, а од првиот ден постои заедничка идеја за продолжување на соработкатаи тој останува во Битола во наредната година.

Спортскиот директор на Еурофарм Пелистер, Димитар Митревски, откри дека овој потпис е почеток на креирањето на уште посилен тим во 2021 година и конкретно следната сезона.

-Во Стипе Мандалиниќ го добивме точно тоа што ни беше потребно – лидер на теренот и надвор од него. Продолжувањето на договорот е од големо значење за нас како клуб и тоа првиот чекор кон градење на уште подобар тим за следната сезона. Задоволни сме што и Стипе се чувствува добро во Битола и верува во нашиот проект кој е на повисоко ниво секоја година, рече спортскиот директор на Еурофарм Пелистер.

More from СпортMore posts in Спорт »