Press "Enter" to skip to content

Денес свечено отворање на 8. Велигденски кошаркарски турнир

Во спортската сала “Младост“ во Битола денес во 17,30 часот свечено ќе биде отворен 8. по ред меѓународен Велигденски кошаркарски турнир во организација на КК Младост во сораб0тка со општина Битола, на кој ќе учествуваат екипи од Македонија, Хрватска и Србија.

Организаторот на турнирот, Горјан Стојановски за овој турнир рече:

-Ме радува тоа што ја продолжуваме традицијата на овој голем празник Велигден го одржуваме овој турнир кој од годона во година е помасовен. На овој турнир ќе има натпревари на момчиња во три категории: момчиња родени 2003/04, девојки родени 2003/04 и микс-момчиња и девојки родени 2005/06 година. Исто така, во рамките на турнирот свој настап ќе имаат и ветераните, кои се надевам дека ќе бидат атракција за публиката.

Претседателот на комисијата за спорт на Советот на општина Битола, Борче Корлевски на прес-конференција рече:

-Сакам прво да им посакам добредојде на сите екипи и учесници на овој турнир во име на општина Битола која е дел од организацијата на велигденскиот турнир. Општина Битола е отворана за соаботка со сите клубови и здруженија на граѓини во областана спрортот, а градоначалничката и Советото ќе ги поддржат сите вакви настани, кои се за развој на спортот и секако дружењето и стекнувањето на нови пријателства.

На прес-конференцијата беше и претставникот на младите кошаркари од Задар, кој рече дека по осум учества тие во Битола се чувствуваат како домаќини, па затоа може заедно со домаќинот можеме да им посакаме добри наторевари на сите учесници, и да дојдат до посакуваните медали.

Горјан Стојановски рече дека најмалите учесниците на турнирот имаат по 9 години, а најстариот учесник има 81 година.

Натпреварите кои започнаа утрово се одржуваат во четири спортски сали во Битола: „Гимназија Jосип Броз Тито“, „Економско училиште Јане Сандански“, спортска сала „Павел Шатев“, а финалните дуели, како и отворањето на турнирот ќе се одржат во спортската сала „Младост“. 

А вечер во градската кафеана во хотел “Епинал“ ќе биде организирана свечена вечера за сите учесници.

С.Р.