Press "Enter" to skip to content

Колку за адет, во населбата “Ушици“ во Битола, по 57. пат запален колерскиот оган

-Две работи се катактеристични за жителите од населбата “Ушици“ во Битола, кои се непроменети, скоро шест децении традиција палење на коледарски оган и пет децении играње бељот во маалското паркче, кои ги немаше годинава поради пандемијата.

Денес на ден спроти Бадник, скромно, колку за адет, како што се вели, за да се продолжи скоро шест децениската традиција, односно по 57. е запален коледарскиот оган во населбата “Ушици“ во Битола, помеѓу улиците “3-та“ и “2-ра“.-Тешко ја поминавме оваа година, без бељот, без заедничко дружење после “картите“, без мајтапи, без сеќавања за некогаш. Поминавме без бељот, ќе поминеме и без традиционалното дружење на Коледарскиот оган, вели Митко Лозановски, кој традиционално го пали коледарскиот оган во населбата и еден од оние кои се грижат секогаш, без разлика дали е лето или зима да има дружење, а и човекот кој најмногу се грижи за паркот.Тешка година, додава Митко, но не ја крие надежта дека се ближи крајот на ова зло.

-Ќе издржиме и без дружење вечерва, нема да го пробаме виното на комшиите, но ние кои секое попладне и вечер тука на клупите играме бељот се дружиме, и сме заедно на оган, многу сме “осиромашени“ бидејќи не како од годините. Се надевам дека со првите убави денови некаде во април-мај ќе продолжиме со бељотот, само да сме живи и здрави. А, в година на огнот за Коледе ќе се собереме сите повторно, како знаеме тука, четири генерации заедно, на едно место, на еден оган, по 58. пат, ќе биде генерална проба на која ќе “паднат“, и првите планови како да се прослави 60. пат палење на Коледарски оган, каде на оган “ќе излезат“ сите од населбата со голема прослава, оптимист е Митко Лозановски.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »