Кожув – Пелистер 83:88 (10:22, 23:21, 25:16, 14:13, 11:16)
Спортска сала во Гевгелија
Судии: Митровски, Павлов и Јакимовски
Кожув: Пајиќ 2, Силаџи 27, Караџовски 18, Станојевиќ 9, Скот 15, Петров, Дуев, Салев, Шутаров, Беслиовски, Лок 12, Божинов.
Пелистер: Стајиќ 12, Малешевиќ 10, Кесар 24, Трајковски 11, Калахан 12, Најдовски, Вилијамс 16, Начевски 3, Јовановски, Михајловски, Зекири.
Лидерот на табелата во Првата кошаркарска лига Пелистер од Битола не дојде лесно до новата победа во заостанатиот натпреавр кој требаше да одигра на старот на сезоната.
“Пелистерци“ победија на гостувањето во Гевгелија против Кожуф со 83:88, а победникот беше решен по продолжение, а Пелистер покажа квалитет и останува единствена непоразена екипа во Првата лига и лидер на табелата.
Битолчани започнаа одлично во одбраната, а на првата пауза “зелените“ заминаа со 10:22, а на одмор Пелистер отиде со +11 (33:44).
Сепак, Кожуф на стартот на третата четвртина се доближи само до -3, а на средината беше израмнето 52:52, а третиот дел заврши со поен предност домаќинот 58:59.
Резултатска неизвесна беше последната четвртина, а Пелистер дојде до +6, а на три минути до крајот Кожув поведе со поен, 67:66, а натпреварот заврши во регуларниот дел реми, 72:72.
Продолжението започна со 5 поени на Пелистер, 72:77 и се навести кој ќе биде победник, за на крај да заврши, заслужено за Пелостер 83:88.
Најефикасни во тимот на Пелистер беа Кесар со 24 и Вилијамс со 16 поени, а одлични беа и Стајиќ и Калахан со по 12 и Трајковски со 11 поени.






