Со седмата победа по ред, кошаркарите на Пелистер од Битола ја продолжија победничката серија која започна со доаѓањето на тренерот Илиевски, а денес само по 48 часа ги очекува натпреварот против екипата на МЗТ Скопје во Битола.
Капитенот на Пелистер, Бојан Трајковски, пред вечерашниот натпревар во Битола, против МЗТ СКопје вели:
-По тешкото гостување во Гевгелија и со мислите веќе сме насочени кон МЗТ Скопје. Не нè задолжуваат рекордите, најбитен ни е карактерот кој гопокажавме во Гевгелија. Се очекуваше дека се случи лош натпревар по серијата од шест победи, но најважно е што се извлековме од лошата позиција и излеговме како победници. Нема што да се зборува за МЗТ Скопје. Се работи за екипа со квалитетен ростер, секоја година атакува на двојната круна, го бркаат веќе две-три години тоа прво место во АБА2 лигата. Наше е да се подготвиме, а немамве многу време, имамве само еден тренинг пред натпреварот и само еден ден пауза. Целта е да влеземе многу поразлично во овој натпревар од изданието против Кожув.
Плејмејкерот на битолчани Бобан Стајиќ е оптимист и покрај неспорниот квалитет на ривалот.
-Натпреварот против Работнички за многумина беше изненадување, можеби и за нас, бидејќи победивме со 25 разлика. Но, ние веруваме во себе, тренираме во себе и на натпреварот со МЗТ Скопје очекуваме пожртувана игра и резултатот да ни оди во полза. Хемијата во тимот е нашата најсилна страна. Имаме добри индивидуалци, но нас нè краси тоа што дишеме како еден. Сите даваме максимум за екипата и со тоа се издвојуваме од другите екипи, вели Стајиќ.






