Пелистер – МЗТ Скопје 88:85
Спортска сала во Битола, “Боро Чурлевски“, играно без публика
Судии: Митровски, Феревски и Златевски
Пелистер: Стајиќ 5, Малешевиќ 22, Кесар 27, Вилијамс 5, Трајковски 7, Најдовски, Начевски, Јовановски, Михајловски, Калахан 15, Зекири 7.
МЗТ Скопје: Гравет 7, Олуџоби 38, Мекиќ 1, Стојановски 10, Караџиќ 7, Крстевски 10, Бурнет 8, Василевски, Иванов, Магдевски 4, Бакоч.
Пелистер е победник во Битола на дербито од 11. коло во Првата кошаркарска лига против екипата на МЗТ Скопје 88:85, а сега е на осум победи од осум натпревари и е лидер на табелата. Екипата на Пелистер беше подобар противник во финишот на натпреварот, а МЗТ Скопје во последните два напади не најде решение за одбраната на Пелистер.
Гостите почнаа подобро и со осум поени во првите три минути на Олуџоби создадоа предност од +7. Битолчани не ги служеше шутот, а предноста на МЗТ Скопје беше постојана, а во 14. минута првпат достигна и +19 (26:36). Екипата на Пелистер со серија 7:0 се доближија на -1, а во последната минута од втората четвртина и донесоа прво водство, но повторно Олуџоби погоди за 43:44 пред одморот.
Пелистер постигна осум поени на самиот почеток од третата четвртина, а “штрковите“ ги консолидираа редовите и се вратија во ритам. Како што се ближеше крајот, “пелистерци“ ја зголемуваа предноста, а третата четвртина заврши со резултат 70:63.
Во последната четвртина домашните кошаркари резултатски се одлепија од МЗТ Скопје, но подзастанаа во финишот, па гостите израмнија на 85:85. Калахан погоди за два поени и донесе клучна предност за домашната екипа, која беше поумешна во завршните секунди од натпреварот. Малешевиќ од линијата за слободни фрлања ја потврди победата на фаворитот.
Кесар беше најефикасен на натпреварот во Пелистер со 27 поени, а неговиот соиграч Малешевиќ со 22 поени, а кај МЗТ Скопје Олуџоби со 38 поени. Пелистер остана на врвот со перфектни “осум од осум“.
[ngg src=”galleries” ids=”645″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






