Press "Enter" to skip to content

Игор Кесар, КК Пелистер: сите ги гледаат нашите цели, наше е само да ги оправдаме и да ги докажеме

Пред два дена кошаркарите на Пелистер, во Битола, во спортската сала “Боро Чурлевски“ го одиграа најтешкиот натпревар, а ја забележаа и највредната победа над екипата на МЗТ Скопје, со три поени и со драматична завршница. И по 48 часа не стивнуваат позитивните реакции на љубителите на спортот во Битола, посебно на кошарката, а кошарката е тема за која се зборува насекаде.

Српскиот центар во Пелистер, Игор Кесар, против екипата на МЗТ Скопје беше најдобар стрелец, а за натпреварот во Битола и за Пелистер вели:

-Пред очи на јавноста е квалитетот и целите на Пелистер оваа сезона. За нас најголем терет беше натпреварот против Кожув пред два дена. Беше тешко, бидејќи игравме и продолженија во Гевгелија и бевме уморни. Сите знаеме кој е МЗТ Скопје, но се надминавме и победивме. Сега се вртиме на следниот натпревар. Сите ги гледаат нашите цели и желби сезонава. Треба да ги оправдаме и секој нов натпревар е шанса за докажување.

Кесар одлично ја познава македонската кошарка, бидејќи пред да дојде во Битола, ги носеше дресовите на Кожув и Работнички.  

More from СпортMore posts in Спорт »