Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со победа ги започнаа контролите во рамките на подготовките

Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 23:32

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола, со победа ги стартуваше контролните натпревари во рамките на зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата кои ќе ги имаат во Битола.

Младите пелистерци, во тренажен процес во кој се само пет дена, се одлучија да одиграат неколку спаринг натпревари со екипата на Прилеп, а го одиграа и првиот во Прилеп, кој го добија со сигурна победа од 23:32 се вратија.

Покрај стандардните Петровски, Талевски, Дрогришки, кои и на овој меч беа водечка сила на тимот, во таборот на “пелистерци“ се истакна и младиот интернационалец од Босна и Херцеговина, Павле Петровиќ, 21-годишниот левак, кој може да игра како десен бек и десно крило и е на пробен период во редовите на битолчани.

Оваа седмица двете екипи ќе одиграат уште еден контролен натпревар, но овој пат во Битола, по кој двата стратези ќе имаат подобра слика од формата на своите избраници. 

More from СпортMore posts in Спорт »