На годишното изборно собрание на Општинскиот фудбалски сојуз – Битола, Златко Талевски беше повторно избран за претседател Општинскиот фудбалки сојуз на Битола, кој воедно е најголемиот фудбалски сојуз во нашата земја.
Златко Талевски и реизбран за претседател на ОФС Битола и пред две години, а има мандат од две години. Талевски е долгогодишен фудбалски работник и е член на Управниот одбор на ФФМ.
На годишното собрание на ОФС Битола, 36 присутни делегати, ги утврдија петте делегати од општинскиот сојуз кои ќе ја претставуваат Битола во Собранието на ФФМ, а меѓу нив и Драган Канатларовски како силна определба на ОФС Битола за вклучување на истакнати спортски лица во највисокиот орган на ФФМ.
Следниот проект на Фудбалската федерација на Македонија и ОФС Битола е стартот на поставувањето и на рефлекторите за заокружување на целокупниот изглед на стадионот во Битола






