Горица – Еурофарм Пелистер 24:27 (10:16)
Спортска сала во Велика Горица
Горица: Сладољев (20 одбрани), Јозеповиќ, Чеповиќ 2, Горичанец 2, Негран, Шалиќ 2, Чакариќ 3, Врбиќ, Пуриќ, Гризељ 1, Бура 10, Баришиќ, Свржак 2, Томашиќ, Новак 1, Гал
Еурофарм Пелистер: Чаневски (7 одбрани), Трајковски (3 одбрани), Мараш 2, Ојлески 2, Кукуловски 5, Атанасијевиќ 1, Мандалиниќ, Стјепановиќ 1, Радовиќ 3, Периќ 2, Вегар, Кукоски, Граџан 3, Ѓукиќ 8.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола со победа ја завршија минитрурнејата во Хрватска и Словенија, а во ппследниот натпревар попладнево, пред враќање во Битола ја совлада Горица со 24:27, полуврме 10:16.
Екипата на Еурофарм Пелистер постојано водеа во текот на првиот дел, а предноста стана поубедлива во втората половина на полувремето, кога заминаа со +6 на одмор.
Почетокот на вториот дел донесе одлепување на македонскиот тим и највисоки 11:18 се до поднослив пораз 24:27.
Веќе утре тимот е во Битола каде продолќува со подготовките за пролетниот дел на три фронта и го ќе подготвуваат првиот официјален натпревар на 6 февруари со Загреб.






