Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола, за завршија мини турнејата во Хрватска и Словенија, а од денес во Битола, тренерот Жељко Бабиќ со своите ракометари ќе влезат во завршните подготовки за стар на пролетниот дел, за првиот официлајен натпревар по десетина дена против ППД Загреб во СЕХА лигата.
Тренерот Жељко Бабиќ изрази задоволство тоа како поминала оваа мини турнеја, која за жал поради пандемијата беше скратена, а наместо во Пореч на комплетни подготовки беше во ваков облик.
-Мислам дека ракометарите одлично се ангажираа. Во текот на сите натпревари покажавме задоволителен интензитет. Задоволен сум, иако ни недостасуваше реализација. Очекувам во наредните 10-15 дена да играме во подобра форма. Тоа е очекувано, со оглед на големата пауза. Исто така ни фалат неколку играчи, кои беа дел од репрезентацијата. Верувам дека за првиот дуел во пролетната полусезона во СЕХА лигата ќе бидеме комплетни, вели Бабиќ.






