Европската ракометна федерација го информираше ракометниот клуб Еурофарм Пелистер од Битола, дека има за измена на термините за одигрување на натпреварите против Татабања во Битоа, во групата “Д“ на Лига Европа.
Двата клуба се договорија двата натпревари да се играат во Битола, но наместо на 9 и 10 февруари, ќе се играат на 10 и 11 февруари.
Во првиот натпревар на 10 февруари домаќин ќе биде екипата на Еурофарм Пелистер, а ден потоа “домаќин“ ќе биде Татабања.
Екипата на Еурофарм Пелистер пролетната сезона ја “отвора“ на 6 февруари, на гостувањето во Заград, во рамките од СЕХА лигата.






