Пелистер – Гостивар 111:115
Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола, играно без публика
Судии: Давидов, Златевски и Крстевски
Пелистер: Стајиќ 15, Малешевиќ 21, Кесар 18, Трајковски 21, Калахан 8, Најдовски, Вилијамс 12, Нацевски 5, Јовановски, Михајловски 11.
Гостивар: Волкер 20, Костовски 18, Димитриевски, Тодоровиќ, Фрајдеј 16, Ристевски, Јаневски 5, Тасовски 7, Стерјов, Стојановски, Димчевски 35, Смилевски.
Екипата на Гостивар во Битола, им го нанесе првиот домашен пораз на Пелистер со резултат 111-115.
Натпреварот започна изедначено, а првата четртина помина во знак на Пелистер, а по 10 минути игра беше 29:27, а само до два поени предност беше и втората четвртина 27:25, за на одмор да се отиде до +4 за Пелистер, 56:52. Во овој период на играта мора се спомене и тоа дека Пелистер имаше и +10.
По одморот, во третата четвртина екипата на Гостивар сериозно и направи серија 12 поени, а третата четвртина заврши со 20:37, а во завршницата да се влезе со резултат 76:89. Исклучувачката лична грешка на Бојан Трајковски на крајот од третиот квартал им ја олесни работата на гостиварчани.
Последната четвртина ја доби Пелистер со 36:25, но недоволно за победа, а домашните кошаркари и тренерите имаа многу забелешки кон судиите.
Најефикасен во двете екипи беше Ивица Димчевски од Гостивар со 35 постигнати поени,а кај Пелистер со по 21 поен Трајковски и Малешевиќ.












