Вардар – Пелистер
Спортска сала “Кале“ во Скопје
Судии: Феревски, Бошковски и Јанков
Вардар: Сила 15, Ташковски 17, Привел 14 , Дикембе 25, Дујковиќ 2, Крстевски, Ивановиќ, Деолски 3, Бајрам, Тачи, Иванов, Радос 4.
Пелистер: Стајиќ 9, Малешевиќ 16, Кесар 25, Трајковски 24, Калахан 11, Михајловски 4, Вилијамс 6, Нацевски 5, Јовановски 2, Најдовски 3.
Кошаркарите на Пелистер од Битола, во 13. коло од Првата лига, со нова „стотка“, овојпат среде Скопје, во “Кале“, ја победија екипата на Вардар со +25 (80:105), во натпревар во кој имаа целосна контрола на играта и на резултатот.
Првата четвртина со 2:11 за Пелистер само по две минути игра, а таа предност се одржуваше во таа разлика, а на крајот домаќините завршија со -4 (28:32).
На стартот од вториот период Пелистер повторно се врати на +10, а до крајот на втората четвртина дојде и до +20, (40:60), по пто веќе беше јасно кој ќе биде победник под “Кале“.
„црвено-црните“ дојдоа најблиски до -2, ама не се задржаа на тоа ниво. Неверојатна серија од 22-3 за пелистерци беше одличен начин да се одвојат и на полувреме да заминат со 40-60.
Во третата чествртина двете екипи постигнаа по 2о поени, а во завршницата се влезе со +20 за Пелистер, 60:80.
Во последната четвртина го бележиме и највиското водство на Пелистер кое достигна до +33, (67:100), за на крај да бидат 80:105, или +25 за “пелистерци“.
Најефикасни кај Пелистер беа Кесар со 25 поени и Трајковски 24 поени.






