Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска прва во велеслалом на “Трофеј Београда“ во категорија деца, У-14

Денес на планината Копаиник, Србија се одржа скијачкиот куп “Трофеј Београда“ на кој настапи и Ева Милевска од скијачкиот клуб Пелистер од Битола. Иако беше планирано денес да се возат две трки поради лошите временскиот услови се одржа само една.

Нашата сограѓанка од Битола, Ева Милевски, го освои првото место во велеслалом, во категорија деца, или популарно наречена У-14, со што ја најави одличната форма и ги продолжи успешните настапи на меѓународен план. Милевска заврши со предност од 8,7 секунди пред второпласираната натпреварувачка.

Поради големото снежно невреме, покрај втората трка во велеслалом се откажани и трките на кои Милевска требаше да настапи утре. 

Веќе во четврток битолските скијачи ги очекуваат официјалните натпревари во Маврово, а ќе се појават на стартот на новата домашна скијачка сезона пет млади скијачи и четири сноубордери.

More from СпортMore posts in Спорт »