Press "Enter" to skip to content

Сенегалецот Омар Гудиаби од Шкупи, засилување на Пелистер од Битола

Екипата на Пелистер во Битола доведе ново засилување за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, трето по ред, 26 годишниот Омар Гудиаби, фудбалер кој во последните сезони го носеше дресот на Шкупи.

Сенегалскиот интернационалец Омар Гудиаби ќе биде големо засилување според тоа каде може да има место во тимот од Битола, покрај негова природна позиција лево крило, тој може да одговори на обврските и како лев бек и десно крило. 

Пелистер, според најавите од кубот, веројатно до крајот на преодниот рок ќе доведе уште најмалку еден фудбал, кој би требало да биде напаѓач.

Во Пелистер на стартот на подготовките им се приклучија Размовски и Илијовски.

More from СпортMore posts in Спорт »