Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер од Битола во последната контрола пред Загреб, го победи Охрид

Еурофарм Пелистер – Охрид 21:19 (11:10)
 
Спортска сала “Јован Калаузи“ во Битола
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола
 
Еурофарм Пелистер: Чаневски (15 одбрани), Трајковски (2 одбрани), Ојлески 2, Мараш 2, Кукуловски, Стјепановиќ 5, Мандалиниќ 3, Граѓан, Маркоски 1, Кукоски, Костески 3, Радовиќ 1, Ѓукиќ 1, Периќ 3
 
Охрид: Брауновиќ (9 одбрани), Даниловски (5 одбрани), Андоноски 2, Ивановски, Кривокапиќ, Блажески 1, Костов, Чагаљ 4, Николов, Иваноски, Соколов 1, Младеновиќ 2, Наумоски, Манасков 2, Шулески, Ристески 1, Димитриески, Надев, Тот 6.
Екипата на Еурфарм Пелистер во Битола го одигра последниот контролен натпреавр пред отворањето на пролетниот дел од оваа сезона, во кој го победи “жилавиот“ Охрид со резултат 21:19, полувреме 11:10.

Првиот дел мина во знакот на расположените голмани, па Чаневски и Даниловски беа најпозитивни во своите екипи. Еурофарм Пелистер единствен се одлепи на +2, а на одмор се замина со 11:10 за Еурофарм Пелистер, екипа која помалку грешеше во овој период од натпреварот.

Во вториот дел охриѓани започнаа со серија голови 4:1, на охриѓани по што следуваа одбраните на капитенот Чаневски и следуваше серија голови на Еурофарм Пелистер 4:0, по што беше решено кој ќе биде победник.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Бабиќ, на теренот “извади“ шаренолик состави, а во составот не беа Вегар, Танкоски, Велковски, Кушан и Маџовски кај Еурофарм Пелистер заради повреди или превенција од повреди. 

More from СпортMore posts in Спорт »